logo
logo
logo

Нокаут подготвуваат концертен спектакл - ЖУРКАТА Е ВО САБОТА

Vecer | 06.05.2026

Нокаут подготвуваат концертен спектакл - ЖУРКАТА Е ВО САБОТА

На 9-ти мај, во арената Јане Сандански во Скопје, ќе се одржи славенички солистички концерт на Нокаут, а момците велат, ќе славиме со прекрасна македонска забавна песна. На сцената ќе бидат придружувани од нивниот долгогодишен соработник и пријател, Игор Џамбазов, но и Брејк, Лозано, Дупер, Дамјан Пејчиновски и Дарко Димитров. 

На бината со Нокаут ќе настапи и Миа, ќерката на Пере, на чиј талент е многу горд. Испратија апел до публиката: Да дојде на време, да се избегне гужвата и кој може да дојде без автомобил, за концетот да може да почне навремено.

Нокаут цели 30 години создава квалитетна македонска музика која останува како евергрин во нашата музичка историја. Концертот е најавен како исклучително значаен, вистински аудио-визуелен спектакл, со најквалитетно озвучување, за публиката од цела сала да има еднакво доживување.

Пере од Нокаут истакна дека големиот интерес за концетот е доказ дека публиката ја поддржува македонската музика. Ги покани македонските граѓани да дојдат на концертот и да уживаат. Рече дека за првпат ќе свират на кружна бина на 360 степени, за да бидат поблиску до публиката и со неа да имаат убава комуникација.

Џамбазов рече дека датумот 9-ти мај носи голема симболика. Тој со Нокаут настапува скоро 20 години и вели дека групата е негова слабост, а тој е нивната тежина.

-Ќе ги отсвириме најголемите хитови. Тие што купиле влезници нема да зажалат. Тоа ќе биде големо задоволство за сите, рече Џамбазов.

На прес-конференцијата се обрати и Брејк кој рече дека за него е голема чест да биде дел од овој концерт. Најави дека на 9-ти мај ќе направат убав, позитивен циркуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk