Славната пејачка Бони Тајлер почина на 76-годишна возраст како последица од перфорација на цревата. Освен големата трага што ја остави во музиката, Бони е позната и по многу мирниот и складен брак во кој беше дури 52 години, сè до нејзината смрт. Пејачката на хитот „Total Eclipse of the Heart“ беше во брак со Роберт Саливан 52 години, а долговечноста на нивната врска ѝ ја припишуваше на фактот што се запознале пред таа да стане славна.
Додека Бони, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, оствари огромен успех благодарение на некои од најпрепознатливите хитови на осумдесеттите, како што се „Holding Out For A Hero“ и „If You Were A Woman (And I Was A Man)“, и нејзиниот сопруг може да се пофали со импресивна биографија. Роберт (76) своето богатство го стекнал во бизнисот со недвижности, но пред тоа настапувал на Олимписките игри, пишува HELLO.
Се натпреварувал на Олимписките игри Роберт на почетокот на седумдесеттите бил успешен џудист и учествувал на Летните олимписки игри во 1972 година во Минхен. Ја претставувал Велика Британија во категоријата до 80 килограми и го зазел 18-то место.
Истата година освоил сребрен медал на Европското екипно првенство, одржано во Холандија.
Се запознале во ноќен клуб Роберт работел како менаџер на ноќен клуб кога во 1970 година ја запознал Бони, која тогаш почнала да настапува по клубовите во Свонси, Велс. Се венчале на 4 јули 1973 година.
„Мислам да тајната на нашиот успех е во тоа што се запознавме пред да станам позната“, изјави Бони за „Тајмс“.
Бони Тајлер отсекогаш замислувала дека ќе има деца, но со текот на времето се помирила со фактот дека тоа не ѝ било судено. Популарната ѕвезда на осумдесеттите и нејзиниот долгогодишен сопруг, британскиот џудист Роберт Саливан, не брзале со основање семејство, но подоцна се соочиле со проблеми со плодноста.
„Кога за првпат почувствував мајчински инстинкт, престанавме да користиме контрацепција и веднаш останав бремена“, изјави таа за „Мирор“ во 2025 година.
Меѓутоа, неколку месеци подоцна доживеала спонтан абортус.
„Во тој момент беше ужасно“, раскажа таа за „Гардијан„ уште во 2012 година.
И покрај големата болка, Бони одлучила да му се посвети на бизнисот (работата).
„Не сум личност која долго се задржува на тешки нешта. Веќе следниот викенд бев во Париз поради телевизиски настап и едноставно продолжив понатаму“, рече таа во интервјуто за „Мирор“.
Сепак, со тоа не се откажале од желбата да станат родители. Бони и Роберт се обидувале повторно во наредните две години, но таа повеќе никогаш не останала бремена.
„Едноставно помисливме дека тоа не ни било судено“, изјави таа за „Гардијан“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата