logo
logo
logo

Се појави новиот трејлер за „Бетмен“, 6 милион и прегледи за еден ден (ВИДЕО)

Vecer | 28.12.2021

Се појави новиот трејлер за „Бетмен“, 6 милион и прегледи за еден ден (ВИДЕО)

Долгоочекуваниот филм со Роберт Патинсон како Бетмен и Зои Кравиц како Жена-мачка го прикажува Бетмен како се обидува да го победи The Riddler, кој го игра Пол Дано.

Новиот трејлер се фокусира на растечката врска помеѓу Бетмен и Жената-мачка. Трејлерот излезе вчера на официјалниот YouTube канал Warner Bros и е прегледан повеќе од шест милиони пати за само 24 часа.

„Две години следење по улиците, внесување страв во срцата на криминалците, го одведоа Брус Вејн длабоко во сенките на Готам Сити“, се вели во официјалниот синопсис на филмот.

Актерската екипа ги вклучуваат Енди Серкис како Пениворт, Џефри Рајт како Џејмс Гордон од GCPD, Џон Туртуро како Кармин Фалконе, Питер Сарсгард како Готам Д.А. Гил Колсон и Колин Ферел како Освалд Коблпот / Пингвин.

Режисер на филмот е Мет Ривс, кој го напиша и сценариото со Питер Крег.

Бетмен излегува на 4 март 2022 година, исклучиво во кината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk