Во Македонија, со секојдневни нови професионално сработени вести и информации, како информативни портали, работат околу 30-35 сајтови и три до четири агрегатори на вести. Од областа на дневни информации од животот, политиката, економијата, забавата, спортот и технологиите, на едно место, остатокот од сајтовите не заслужуваат внимание како њуз, или информативни портали. Европски стандард кој важи и во Македонија е дека над 75% дневните информации читателите, публиката, прво и најдетално ги добива од интернет порталите, а остатотокот од 25% се телевизиите, весниците и радиото. Притоа, околу 65-70% се добиваат преку телефон, а остатокот преку десктоп или лаптоп комјутери. Доволно за да се смета дека информативните портали се највлијателни медиуми во општетсвото кога се во прашање објавите и довербата за дневните вести, како и анализите и коментарите. Интернет порталите се дел од дигиталниот свет во кој, секој во светот, е мерлив на дневна основа и стручните агенции детално и лесно имаат увид во читаноста, како по обем така и според сите детали од каде се читателите, што прочитале, колку се задржале читајќи на порталот... Врв на конечен ефект, краен резултат, е читателот да биде задржан на порталот колку е можно подолго и да прочита повеќе текстови што е доказ дека порталот има професионална и разновидна понуда, и поголема доверба во јавноста. Најдобри се порталите кои имаат најголем број прочитани вести, односно прочитани страни на порталот. А во светот на информациите и маркетингот најдобар извор за тоа се смета професионалната, референтна израелско-американска агенција за детално следење на сајтовите Similarweb.com која во соработка со Гугл користи база на престижниот сервис Гугл Аналитикс за секој сајт, и од која се користени јавно достапни информации за десктоп читаноста на информативните портали во Македонија и во оваа прилика.
Ова се рејтинзите на македонските информативни портали, најдобрите ТОП 10 за месец ноември 2022 година кои имале и најголема читаност, и најголема доверба кај јавноста.
И според оваа месечна рејтинг листа нема големи промени во однос на годишниот пресек, цела година најчитани информативни портали се Вечер, Курир, Слободен печат и Република... Најчитани агрегатори се Тајм, Вести и Грид. Тоа се највлијателните интернет медиуми во земјата во Ноември, а и во текот на целата година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата