logo
logo
logo

Завршија преговорите на Украина, САД и Русија- Зеленски донел важна одлука

Vecer | 04.02.2026

Завршија преговорите на Украина, САД и Русија- Зеленски донел важна одлука

„Преговорите се завршени за денес“, изјави Давитјан за новинарите, објави Укринформ.

Таа додаде дека официјалните информации за текот на разговорите ќе бидат објавени наскоро, што ќе ги објави шефот на украинската делегација и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров.

Се очекува разговорите да продолжат во четврток, 5 февруари. Како што претходно објави Укринформ, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одобри рамката за разговорите и конкретните задачи за украинскиот преговарачки тим пред новата рунда трилатерални состаноци во Обединетите Арапски Емирати.

Претходната трилатерална средба на Украина, САД и Русија во Абу Даби се одржа на 23 и 24 јануари, а на неа беа разгледани параметрите за завршување на војната, како и список на прашања за идните состаноци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk