logo
logo
logo

Заврши првата рунда преговори меѓу САД и Иран- Џеј Ди Венс ги откри деталите

Vecer | 21.06.2026

Заврши првата рунда преговори меѓу САД и Иран- Џеј Ди Венс ги откри деталите

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во разговорите за Блискиот Исток, вклучително и за ситуацијата во Либан, како и во разговорите меѓу САД и Иран.

Зборувајќи во Биргеншток, швајцарско планинско одморалиште каде што се водат разговори за поширок договор за Блискиот Исток, Венс рече дека САД се во „историски момент“ и дека разговорите, со посредство на претставници на Пакистан и Катар, работат на „трансформација на Блискиот Исток“ и трајно подобрување на односите со Иран.

„Претседателот Доналд Трамп ни нареди да свртиме нова страница и да го промениме нашиот однос со народот на Иран“, рече Венс, објави Си-Би-Ес.

Венс рече дека целта на американската администрација е да ја користи дипломатијата за да обезбеди стабилност во регионот и да работи заедно за „мир и просперитет“. Американските и иранските преговарачи одржаа трилатерален состанок со катарските медијатори како дел од разговорите во Швајцарија, изјавија за Ројтерс официјални лица запознаени со ситуацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk