(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОГРЕБ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КРВАВА ТРАГЕДИЈА: напад во црква, седум убиени

Vecer | 23.10.2026

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОГРЕБ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КРВАВА ТРАГЕДИЈА:  напад во црква, седум убиени

Најмалку седум лица се убиени, а десет се повредени во вооружен напад врз црква во јорданската провинција Карак, каде што во моментот на нападот се одржувал погреб.

Според локалните медиуми, непознати напаѓачи отвориле оган за време на погребната церемонија, предизвикувајќи жртви и повредени меѓу присутните.

Јорданската државна новинска агенција потврдила дека нападот се случил за време на погреб, додека државната телевизија првично информирала за загинати и повредени, без да го прецизира нивниот број.

Според првичните информации што ги пренесува „Египшн газет“, во нападот загинале најмалку седум лица, а уште десет се повредени.

Јорданската Управа за јавна безбедност соопштила дека безбедносните сили започнале потрага по осомничените.

Засега не е познато колку лица учествувале во нападот, ниту кои биле нивните мотиви. Надлежните институции сè уште не објавиле информации за идентитетот на жртвите и напаѓачите.

Истрагата е во тек, а се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои се случил нападот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk