ВИДЕО | РУСКИ ВОЕН АВИОН ПАДНА КАЈ ГРОБИШТА ВО КАЛИНИНГРАД - драматична снимка од падот на „Сухој-30“!

Vecer | 21.10.2026

ВИДЕО | РУСКИ ВОЕН АВИОН ПАДНА КАЈ ГРОБИШТА ВО КАЛИНИНГРАД - драматична снимка од падот на „Сухој-30“!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Руски борбен авион „Сухој-30СМ“ денеска се урна во близина на гробишта во Калининградската Област, за време на тренинг.

Според руската телевизија „РЕН ТВ“, несреќата се случила околу 12:53 часот, меѓу селата Тимофеевка и Зелјони Бор. Двајцата пилоти успеале да се катапултираат пред авионот да падне, но се здобиле со повреди. Тие биле пренесени во воена болница.

Руското Министерство за одбрана потврди дека авионот се урнал за време на тренинг и дека не носел муниција. Според Министерството, авионот паднал во ненаселено подрачје, а повредите на пилотите не се опасни по живот.

❗️The moment of the fall of the 🇷🇺Russian Su-30SM fighter jet in the Kaliningrad region. https://t.co/UiKMKQpOVP

— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) October 21, 2026

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како рускиот борбен авион паѓа кон земјата и се урива во близина на гробиштата.

Причината за несреќата засега не е позната. Руските власти истражуваат како дошло до падот.

Калининградската Област е руска територија одделена од остатокот на Русија, сместена меѓу Полска и Литванија, кои се членки на НАТО. Во областа се наоѓа седиштето на руската Балтичка флота, како и неколку воени воздухопловни бази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk