ВИДЕО | ОГНЕН ПЕКОЛ ВО БЕЛГИЈА - 3.000 хектари во пламен, 600 жители евакуирани

Vecer | 16.08.2026

ВИДЕО | ОГНЕН ПЕКОЛ ВО БЕЛГИЈА - 3.000 хектари во пламен, 600 жители евакуирани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Огромен шумски пожар зафати речиси 3.000 хектари од природниот парк Хај Фенс во источна Белгија, во близина на границата со Германија, а поради брзото ширење на огнената стихија властите евакуираа околу 600 жители од околните населени места. Пожарот, кој избувна во петокот, според белгиските власти е еден од најголемите во поновата историја на земјата, а ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, кој во текот на ноќта неколкупати го менувал правецот и го ширел огнот.

„Условите и натаму се сложени. Иако интензитетот на пожарот е слаб, ветерот во текот на ноќта неколкупати го промени правецот“, соопштија валонските власти.

Околу 600 жители од селата Сурброд и Бутгенбах добиле наредба превентивно да ги напуштат домовите. За евакуираните било отворено засолниште во гимназија во соседната општина Малмеди, додека на останатите жители им било препорачано да останат во затворени простории и да ги држат прозорците и вратите затворени.

📌Largest forest fire in Belgium continues 📌 The area affected by the forest fire in the Hautes Fagnes region of eastern Belgium has exceeded 2,700 hectares. #Breakıngnews pic.twitter.com/kOR9uc7TtE

— .aspendos (@aspendos_1789) August 16, 2026

Големи делови од природниот резерват се претворени во опожарено подрачје, а пристапот до огнот е исклучително тежок поради мочурливиот и нерамен терен, составен од тресетишта, вресишта и дрвени патеки.

„Повеќе ништо не се гледа, насекаде има чад“, изјавил за АФП сопственик на ресторан во близина. Тој раскажал дека пепел паѓал врз масите, по што гостите морале да го напуштат објектот.

Властите предупредија дека пожарот сè уште не е ставен под контрола и постои опасност пламенот да стигне до куќите. Во гаснењето се ангажирани екипи од цела Белгија, а земјата го активираше и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Од Холандија веќе пристигнал хеликоптер, а на пат се уште два, како и два шведски авиони за гаснење пожари. Белгиските власти оценуваат дека воздушната поддршка ќе биде од особена важност поради тешко пристапниот терен.

⚡🇧🇪 FLASH | BELGIQUE : l’un des pires incendies de son histoire ravage les Hautes Fagnes. Plus de 2 700 hectares brûlés, environ 600 personnes évacuées. Le feu n’est toujours pas maîtrisé. (AFP) pic.twitter.com/1mWv2wULVB

— AlertesNewsFR (@AlertesNewsFR24) August 16, 2026

Пожарот избувнал во период на нов топлотен бран, при што температурите во делови од Белгија во петокот достигнале 37 степени Целзиусови. Властите го опишуваат пожарот како еден од најголемите во модерната историја на земјата.

Во близина, само неколку десетици километри подалеку, во западна Германија, истовремено беснее уште еден голем шумски пожар, поради кој околу 1.800 луѓе веќе се евакуирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk