Видео: Иран го нападна нафтениот центар на „Арамко“ во Рас Танура во Саудиска Арабија

Vecer | 02.03.2026

Видео: Иран го нападна нафтениот центар на „Арамко“ во Рас Танура во Саудиска Арабија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Недолго потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престанала да работи, објавува „Скај њуз Арабија“.

Работниците во фабриките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.

The footage 👇 of direct hit pic.twitter.com/iIdbt0VEGX

— Acharya Chanakya (@Darkologyy) March 2, 2026

Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот - се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.

Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура може да има сериозни последици за глобалниот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk