logo
logo
logo

Видео: Драма во Њујорк; полицијата на нозе; наредена итна евакуација

Vecer | 23.09.2026

Видео: Драма во Њујорк; полицијата на нозе; наредена итна евакуација

Сè се случило на неколку блокови од седиштето на Обединетите нации, каде што заседава Генералното собрание на ОН.

Полициската управа на Њујорк (NYPD) ги затвори улиците од Источна 42-ра до Источна 44-та, меѓу Втората и Лексингтон авенија, и ги повикала граѓаните да ја избегнуваат областа околу Источната 43-та улица и Третата авенија поради затворените патишта и можните доцнења, пренесува „Фокс њуз“.

Според непотврдени информации, сомнителниот предмет би можел да биде куфер оставен без надзор. Полицијата потврди дека зградите биле евакуирани, но не соопшти колку згради биле опфатени со евакуацијата.

Откако интервенцијата завршила, улиците повторно  биле отворени, а полициските службеници не сакале да соопштат детали за сомнителниот пакет, вклучувајќи ја неговата локација и содржина.

Инцидентот се случи за време на Генералното собрание на ОН, на кое присуствуваат многу светски лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот одржа говор на Генералното собрание и оствари неколку билатерални средби со странски претставници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk