logo
logo
logo

(ФОТО) Вашингтон се подготвува за немири, подигнати се огради околу Белата куќа и станот на Харис

Vecer | 04.11.2024

(ФОТО) Вашингтон се подготвува за немири, подигнати се огради околу Белата куќа и станот на Харис

Големи огради и барикади се подигнуваат во Вашингтон, во пресрет на претседателските избори во Америка на 5ти Ноември, поради страв од потенцијални немири по прогласувањето на победникот.

Поголем број на продавници од централното градско подрачје се барикадираат, а се подигнуваат огради и во близина на Белата куќа и резиденцијата на заменик-претседателката Камала Харис.

Градските полициски власти велат дека не реагираат на конкретни закани, туку се фокусираат на тоа да бидат подготвени за било какво сценарио. Се вели дека од Одделот за градежништво на САД им наредиле на сите градилишта да ги заклучат сите градежни материјали што би можеле да бидат украдени и употребени во евентуални нереди.

Околу 3.300 полицајци ќе работат 12-часовни смени, а повеќето одмори се откажани барем до изборите.

Многу Американци велат дека се плашат од граѓански немири по гласањето. „На многу начини, нашите подготовки за 2024 година започнаа на 7 јануари 2021 година“, рече Кристофер Родригез, помошник градски администратор на Вашингтон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk