Утринава шест украински беспилотни летала гаѓале шест руски региони

Vecer | 30.08.2023

Утринава шест украински беспилотни летала гаѓале шест руски региони
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников ги откажа сите летови до и од аеродромот додека не се процени штетата.

Непотврдени извештаи наведуваат дека меѓу 10 и 20 дронови го нападнале аеродромот.

„Неколку беспилотни летала беа соборени над Ориол, Брјанск, Рјазан, Калуга и московскиот регион околу руската престолнина“, соопшти министерството за одбрана на земјата.

И Русите силно ја напааднаа Украина утринава .

Две лица  загинаа од урнатините што паднаа по големиот напад на руски ракети и беспилотни летала врз Киев, објави локалната воена администрација.

„Како резултат на урнатините што паднаа во квартот шевченковски во Киев, според првите извештаи загинаа две лица“, напиша на телеграм шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко.

„Киев нема доживеано толку силен напад од пролетта“, додаде Попко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk