Уредникот на германски магазин доби отказ поради лажно интервју со Шумахер

Vecer | 26.04.2023

Уредникот на германски магазин доби отказ поради лажно интервју со Шумахер
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Главниот уредник на германското списание Aktuelle (Die Aktuelle), кое објави лажно интервју со Михаел Шумахер создадено преку вештачка интелигенција, денеска доби отказ, објави медиумската групација Funke.

„Таа невкусна и погрешна статија никогаш не требаше да се појави. Во никој случај не ги задоволува стандардите на новинарството што ние и нашите читатели ги очекуваме од група како што е Фанке“, рече Бјанка Полман, директорка на одделот за списанија на групата „Функе“.

Според неа, главниот и одговорен уредник на списанието „Актуеле“ Ане Хофман (Ан Хофман), кој го водеше списанието од 2009 година, денеска е отпуштена.

Бјанка Полман му се извини на семејството на легендарниот германски Формула 1 возач.

Магазинот се пофали дека добил интервју со Шумахер, прво по неговата несреќа на скијање и тешката повреда на главата кон крајот на 2013 година на француските Алпи.

Списанието, кое е специјализирано за вести за славните, го објави „интервјуто“ во средата и откри дека тоа е направено од вештачка интелигенција.

Написот содржи цитати кои му се припишуваат на Шумахер во врска со неговиот семеен живот по несреќата, како и неговото здравје.

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1 веднаш реагираше и најави дека планираат тужба.

На 29 декември 2013 година, Шумахер имаше несреќа на скијање во Франција и се здоби со тешки повреди на главата, по што со месеци беше во индуцирана кома, од која се разбуди во јуни 2014 година.

Во таа несреќа тој се здобил со оштетување на мозокот и неговиот живот бил во опасност.

Официјалните информации за неговото здравје се оскудни, што ги налути неговите многубројни фанови и љубители на спортот, а еден од најдобрите возачи на сите времиња се нема појавено

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk