Украинските опозиционери Порошенко и Јулија Тимошенко потврдија средба со претставници на Трамп

Vecer | 06.03.2025

Украинските опозиционери Порошенко и Јулија Тимошенко потврдија средба со претставници на Трамп
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Украинскиот опозициски лидер и поранешен претседател Петро Порошенко потврди дека претставници на украинската опозиција оствариле средба со членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Укринформ.

- Средбата не беше тајна и беше посветена главно на можноста за одржување избори по завршувањето на воената состојба, нагласи Порошенко, кој е лидер на партијата „Европска солидарност“.

Тој објави на Фејсбук дека Украина мора да ја задржи двопартиската поддршка од САД и посочи дека опозицијата повеќепати побарала овие средби да бидат координирани со украинската влада и да биде поканет американскиот амбасадор.

- Нашата комуникација со американските претставници секогаш се темели на два принципа: безбедност и мир преку сила. Тоа подразбира оружје, разузнавачка соработка, санкции против Русија, финансиска поддршка и зајакнување на демократијата и трансатлантското единство, нагласи Порошенко.

Тој повтори дека неговата партија е категорично против одржување избори додека трае војната. - Избори може да има само по завршувањето на борбите и потпишувањето мировен договор со гаранции за безбедноста на Украина, потенцираше опозицискиот лидер Порошенко.

Опозициската лидерка Јулија Тимошенко, исто така, потврди дека нејзиниот тим разговара со сите сојузници кои можат да помогнат во обезбедувањето на „фер и брз мир“.

Весникот „Политико“ вчера објави дека четворица блиски соработници на Трамп одржале разговори со водечки украински опозиционери, меѓу кои и Тимошенко и високи претставници на партијата на Порошенко. Разговорите биле фокусирани на можноста за одржување избори во Украина во блиска иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk