ТРАМП ЖЕСТОКО КОН ОМАН - „Ако ни застанат на патот, ќе ги избомбардираме до бесвест!““

Vecer | 17.08.2026

ТРАМП ЖЕСТОКО КОН ОМАН - „Ако ни застанат на патот, ќе ги избомбардираме до бесвест!““
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Високи ирански функционери најавија ескалација во Ормускиот Теснец и поширокиот регион доколку дипломатијата не вроди со резултат.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со напад врз сојузничката држава Оман поради состојбата околу Ормускиот Теснец, пренесува „Индипендент“.

– Ако Оман ни застане на патот, ќе ги избомбардираме до бесвест – изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“ во понеделникот.

Претходно, Трамп се закани дека ќе го „крене Оман во воздух“ доколку земјата „не се однесува пристојно“.

Иранските и оманските претставници во понеделникот ги продолжија разговорите за Ормускиот Теснец, откако истече 60-дневното примирје. Овој клучен поморски коридор и понатаму во голема мера е надвор од функција поради конфликтот меѓу САД и Иран.

Високи ирански функционери најавија ескалација во Ормускиот Теснец и поширокиот регион доколку дипломатијата не успее. Во разговор за „Ројтерс“ тие посочиле дека тоа би значело преминување од одбрана во офанзива.

– Иран нема да чека САД да ја продолжат својата блокада во недоглед – изјавија тие во понеделникот.

Во петокот Трамп се закани дека ќе го прогласи Ормускиот Теснец за американска територија, но подоцна тврдеше дека „се шегувал“, пишува „Индипендент“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk