logo
logo
logo

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

Vecer | 12.08.2026

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на минерална суперсила. Повеќе од една милијарда долари треба да бидат обезбедени за проектот „Санта Круз“ во Аризона, а Трамп тврди дека процедурите за рударски дозволи се скратени од три до пет години на само 25 дена. Најавувајќи ги новите инвестиции, Трамп нагласи дека критичните минерали се стратешки ресурси за американската економија и безбедност – одбранбената индустрија, автомобилската индустрија и современите технологии зависат од нив.

-Ги враќаме рударите назад на работа и ја потврдуваме позицијата на Америка како светска минерална суперсила. Голем дел од затворените рудници повторно ќе се активираат, а и многу нови рудници се градат. Во последните 18 месеци нашата администрација потпиша и одобри 160 договори за ископ на минерали, во вредност од 40 милијарди долари. Затоа, сега во САД се отвораат рудници на брза трака. Ова не се случило од 50-тите години на минатиот век.- Доналд Трамп – претседател на САД.

Додека светските сили ги забрзуваат инвестициите во критични минерали, Македонија се уште не го користи целосно сопствениот потенцијал.

Единствениот голем проект за бакар е „Иловица-Штука“, вреден над 350 милиони евра, со години е во застој. Според инвеститорот,  во услови кога цената на бакарот надминува 14 илјади долари за тон, проектот може да донесе значителни економски придобивки. Според истражувањата на „Еуромакс Ресурсис“, наоѓалиштето располага со над 700 илјади тони руден концентрат и има потенцијал за годишен извоз од повеќе од 10 илјади тони бакар во период од две децении.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk