Американскиот претседател Трамп вчера одговори на условите на Иран за мировен договор со свои барања иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, во реторичка ескалација што веројатно ќе ги комплицира напорите за повторно отворање на Ормутскиот Теснец.
Предлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна.
Откако започна војната во февруари, Трамп постојано осцилира помеѓу заканите за ескалација и тврдењата дека мировниот договор е неизбежен.
„Ќе побараме пари за штетата што ја направија во период од 50 години“, рече Трамп во Белата куќа, велејќи дека исплатите ќе ги покријат смртните случаи и за цивилните демонстранти и за американските сили во регионот.
„Значи, ако има штети што треба да се платат, мислам дека иран треба да ги плати тие штети“, рече Трамп.
Цените на нафтата вчера се зголемија за 5% откако барањата ги намалија изгледите за договор за повторно отворање на Теснецот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата