logo
logo
logo

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“

Vecer | 15.04.2026

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“

Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата.

- Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – тој е добар човек -  рече Трамп. Тој додаде дека не е сигурен дали неговото лично присуство во кампањата би ја променило ситуацијата, имајќи предвид дека наместо него, во Унгарија беше испратен потпретседателот Џеј Ди Венс.

Според Трамп, Орбан во еден момент веќе „значително заостанувал“ зад својот противник. Иако претседателот на САД минатата недела имаше кус говор на предизборен собир во Унгарија преку телефонска врска, тој напомена дека не бил целосно вклучен во овој изборен циклус, иако сè уште го смета Орбан за „добар човек“.

Виктор Орбан ја изгуби власта по 16 години управување, откако унгарските гласачи во рекорден број ја поддржаа проевропската опција на Петер Маѓар, лидерот на десниот центар. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk