Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги коментираше тензиите меѓу Турција и Израел, како и можниот директен воен конфликт со земјата, во интервју за Ал Џезира.
„Не зборуваме за војна, зборуваме за мир. Но, ако некој ја нападне Турција за војна, а не за мир, Турција нема да се двоуми да се бори во таа војна и нема да бега од неа“, рече Ердоган.
Турскиот лидер се осврна и на континуираните израелски напади врз Либан, и покрај прекинот на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Многу сме загрижени за овие напади. Разговаравме за ова со либанскиот претседател (Џозеф Аун) и правиме сè што можеме.“

Неодамна, се повеќе се зборува за можен директен воен конфликт меѓу Израел и Турција, при што некои американски и израелски претставници сугерираа дека Турција би можела да стане „новиот Иран“.
Сепак, и покрај оваа реторика, експертите велат дека можноста за воен конфликт останува ограничена бидејќи такво сценарио не би им одговарало на ниту едната страна. Воената супериорност на Турција би била исто така значајна, со оглед на тоа што таа има втора најголема армија во НАТО, по САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата