logo
logo
logo

Швајцарија воведува данок од 2.000 франци за работници од ЕУ: ПОСТРОГИ УСЛОВИ ЗА ИМИГРАЦИЈА

Vecer | 29.09.2026

Швајцарија воведува данок од 2.000 франци за работници од ЕУ: ПОСТРОГИ УСЛОВИ ЗА ИМИГРАЦИЈА

Горниот дом на швајцарскиот парламент денеска гласаше за воведување данок од најмалку 2.000 франци за имиграција на работна сила од Европската Унија, кој би се активирал во рамките на новата заштитна клаузула предвидена во новиот пакет договори со ЕУ.

Предвидено е данокот за вработените да се наплаќа директно од компаниите што ги вработуваат, додека возрасните членови на семејството кои доаѓаат како дел од семејното обединување би ги сноселе трошоците сами.

Законодавците предлагаат минималниот износ на надоместокот да биде помеѓу 2.000 и 4.000 франци, а собраните приходи би се прераспределувале меѓу граѓаните на Швајцарија.

По активирањето на клаузулата, данокот би се применувал и за граѓаните на трети земји.

Оваа мерка стапува на сила доколку Швајцарија се соочи со сериозни економски или социјални проблеми поради голем прилив на имигранти.

Според усвоениот предлог, Федералниот совет (Владата) ќе биде должен да ја анализира потребата од активирање на заштитната клаузула секоја година, според веб-страницата на швајцарскиот парламент.

Предлагачот на оваа мерка верува дека данокот треба да ги охрабри швајцарските компании да вработуваат повеќе домашни работници, објавува Svis info.

Сепак, некои политичари од десниот центар од франкофонскиот дел на Швајцарија изразија сомнежи за нејзините ефекти и предупредија на дополнителна администрација, како и дел од левицата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk