logo
logo
logo

Шпанија сака да ги зајакне енергетските врски со Франција

Vecer | 29.04.2025

Шпанија сака да ги зајакне енергетските врски со Франција

Операторот на електроенергетската мрежа во Шпанија, Ред Електрик (РЕЕ) по големиот дефект на електроенергетскиот систем на Пиринејскиот Полуостров, денеска вети дека ќе ги зајакне енергетските врски со Франција, вклучително и преку Бискајскиот Залив.

Шефот на операциите на системот РЕЕ, Едуардо Прието изјави дека поголемата поврзаност со другите оператори ќе го направи електроенергетскиот систем на Шпанија постабилен и посигурен.

Француската компанија РТЕ, која управува со француската електроенергетска мрежа, вчера ги негираше извештаите дека вчерашниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија наводно бил предизвикан од пожар на далновод меѓу градовите Нарбон и Перпињан во Франција. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk