Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“.
Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување.
Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени.
„Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата