САД сè уште не обезбедиле финансиски средства за Планот за реконструкција на Појасот Газа

Vecer | 04.02.2026

САД сè уште не обезбедиле финансиски средства за Планот за реконструкција на Појасот Газа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Неименуван европски дипломат посочи дека ниту една европска или западна држава сè уште не ветила пари за реконструкција на Појасот Газа.

Исто така и арапските земји од Персиски Залив се двоумат за финансирање на реконструкцијата на палестинската енклава Газа без пошироко политичко решение, што вклучува разоружување на Хамас.

Разоружувањето на Хамас е клучно барање во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај повлекувањето на израелските трупи и надзор на реконструкцијата на Појасот Газа од страна на Одборот за мир.

Два неименувани извори, кои имаа увид во плановите на Одборот за мир, изјавија дека земјите не сакаат да вложат средства во реконструкцијата на Појасот Газа сè додека не се разоружа Хамас.

Седум западни дипломати тврдат дека финансирањето делумно доцни поради барањето на дел од потенцијалните донатори со средствата да управуваат Обединетите нации, а не Одборот за мир.

Според процените, реконструкцијата на Појасот Газа би чинела околу 100 милијарди долари, но планот не предвидува отштета за Палестинците чии домови се разурнати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk