logo
logo
logo

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Vecer | 24.03.2026

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори.

Изворите не прецизираа каде точно ќе бидат стационирани војниците, ниту кога ќе пристигнат во регионот, објавува Ројтерс.

Распоредувањето дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД и Иран се согласиле за 15 главни точки од договорот за завршување на војната, нагласувајќи дека Иран се согласил да не поседува нуклеарно оружје во иднина.

Тој изјави дека Техеран се обратил до Вашингтон за да започне преговори откако САД објавија напади врз енергетската инфраструктура во Иран.

Повикувајќи се на извор во иранските безбедносни структури, новинската агенција Тасним објави дека Трамп ги отфрлил заканите за напад врз критичната инфраструктура во Иран.

„Притисокот врз финансиските пазари и внатрешниот долг на САД се зголеми, а тоа беше уште еден важен фактор за ова повлекување“, рече изворот.

Ирански безбедносен службеник истакна дека немало официјални преговори меѓу Вашингтон и Техеран.

„Од почетокот на војната до денес, до Техеран беа испратени пораки од некои посредници, а јасниот одговор беше дека ќе продолжиме да се браниме сè додека не го постигнеме потребното одвраќање. Немало и нема никакви преговори“, нагласи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk