logo
logo
logo

Руска војска пред прагот на САД- имаат вежби во морето околу Куба

Vecer | 07.06.2024

Руска војска пред прагот на САД- имаат вежби во морето околу Куба

Министерството за надворешни работи на Куба вчера соопшти дека бродовите, од кои ниту еден не носи нуклеарно оружје, ќе се закотви во кубанската престолнина меѓу 12 и 17 јуни.

Истовремено, се нагласува дека нема причина за загриженост, односно дека присуството на руската морнарица не претставува закана за регионот. „Ова е посета што е во согласност со историските пријателски односи меѓу Куба и Руската Федерација. Ние строго ќе се придржуваме до меѓународните регулативи“, се вели во соопштението, а пренесува Ал Џезира.

Куба и САД се оддалечени само околу 145 километри, кога се гледа нивната најблиска точка. Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела сугерираше дека Москва би можела да преземе соодветни мерки доколку западните земји како Германија и САД ѝ дозволат на Украина да го користи нивното оружје за напад на руска територија.

Американски официјален претставник во средата им изјави на новинарите дека Русија планира да испрати борбени бродови во регионот на Карибите како дел од воена вежба. Тој додаде дека Вашингтон не ја смета оваа ситуација за заканувачка, но дека американската морнарица сепак ќе ги следи вежбите.

Министерството за надворешни работи на Куба наведува дека во Хавана пристигнуваат подморницата Казан, фрегатата Горшков, танкерот за нафта Пашин и шлеперот Николај Чикер. За време на Студената војна, Куба беше важен сојузник на Советскиот Сојуз.

Поради поставувањето на советските нуклеарни ракети на островот, кубанска ракетна криза се случи во 1962 година кога Вашингтон и Москва беа блиску до војна. САД воведоа трговско ембарго на Куба по инцидентот, што сè уште е во сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk