logo
logo
logo

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Vecer | 22.08.2026

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за војната на Русија. Русија одговори со напаѓање на украинската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и објектите поврзани со украинскиот извоз на жито преку Црното Море.

„Режимот во Киев се обиде да ѝ наштети на нашата економија и со тоа ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор што ќе ги погоди нивните најчувствителни сектори на економијата“, рече Путин во изјава за руската државна телевизија.

„Нема да има недостиг на светскиот пазар“

Тој истакна дека руските напади, кои го загрозија украинскиот земјоделски извоз, нема да предизвикаат недостиг на храна на светскиот пазар бидејќи Русија ќе може да го замени исчезнатиот украински извоз, и покрај тоа што Киев ја напаѓа и руската инфраструктура за извоз на жито.

„Имаме тешкотии со испораката на нашата стока, но ќе ги решиме овие проблеми. Затоа, нема да има недостиг на светскиот пазар“, рече тој.

Русија и Украина претходно се придржуваа до договорот постигнат со посредство на Турција, кој овозможуваше безбеден извоз на жито преку Црното Море, но Русија се повлече од договорот во 2023 година.

Рускиот претседател, исто така, повтори дека Москва е отворена за мировни преговори, но само врз основа на „реалноста на теренот“, а не, како што рече, „егзотични“ предлози што ги изнесува Украина преку медијатори.

Извор: Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk