Додаваат дека станува збор за француски репортер кој известувал од Краматорск.
За среќа, ниту новинарот, ниту снимателот не се повредени.
За потсетување, ледената арена во градот Дружкивка, во областа Доњецк, е уништена во ракетен напад извршен од руските сили во источна Украина, соопшти Украинската хокеарска федерација. Претходно беше соопштено дека проектилот го погодил градот и ранил две лица.
„Руските окупатори уништија пет ледени арени од почетокот на војната“, објави федерацијата на Телеграм, наведувајќи ги хокејскиот стадион Дружба во Донецк, арените во Мариупол и Мелитопол, Ледената палата во Северодонецк и сега арената Алтаир во Дружкивка. .
Украинскиот хокеарски клуб Донбас, кој Алтаир го користи од 2014 година, откако проруските сепаратисти ја прогласија Доњецката Народна Република, објави дека арената била уништена од ракетен оган.
Таа сала беше место каде се одржуваа украинските првенства, меѓународни натпревари и културни настани. Генералниот директор на клубот, Федор Иљенко, на Фејсбук напиша дека местото е повеќе од зграда, бидејќи во него се наоѓа најголемата школа за хокеј и уметничко лизгање во Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата