Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро и неговото семејство пристигнаа во Мајами откако одбија да ја исполнат наредбата од Врховниот суд на Бразил за предавање на нивните пасоши, а американските власти објавија дека ќе им издадат влезни визи.
Болсонаро, кој ги загуби претседателските избори од актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва во неделата, го напушти Бразил тајно по судската наредба издадена како дел од истрагата за перење пари, во која тој негира какво било кривично дело, објавува Ројтерс.
Болсонаро, неговата сопруга и двете ќерки прво отпатуваа во Аргентина, од каде што со приватен авион пристигнаа во еквадорскиот град Гвајакил, а потоа отпатуваа во Мајами.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе му дозволи на Болсонаро влез во Соединетите Држави откако Стејт департментот објави дека на неговото семејство ќе му бидат издадени влезни визи.
Трамп претходно тврдеше дека таткото на Флавио, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, е жртва на политички прогон во Бразил.
Болсонаро, кој го губи имунитетот од кривично гонење кога ќе му заврши сенаторскиот мандат во февруари, во понеделник изјави дека нема намера да ја напушти земјата.
„Никогаш не сум помислил да ја напуштам земјата. Ќе ги предадам моите пасоши и ќе се одбранам од оваа фарса, што е јасен обид да ме заплашат“, рече тој.
Defeated Brazilian presidential candidate Flávio Bolsonaro and his family have landed in Miami after fleeing his country. This comes a day after they were granted United States visas by the Trump administration. https://t.co/oB91ejWab5
— The Associated Press (@AP) October 28, 2026
Жаир Болсонаро, исто така, го напушти Бразил во 2022 година откако одби да го признае својот изборен пораз од Луиз Инасио Лула да Силва.
Подоцна се врати во земјата, каде што беше осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар откако неговите поддржувачи упаднаа во државните институции во Бразилија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата