Поради карикатурите на ајатолахот Хамнеи затворен Францускиот институт во Техеран

Vecer | 06.01.2023

Поради карикатурите на ајатолахот Хамнеи затворен Францускиот институт во Техеран
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Иран претходно ја предупреди Франција дека ќе реагира на објавените карикатурите, кои според Техеран се „навреда на симболите на суверенитетот и националните вредности“.

Францускиот сатиричен неделник на 4 јануари објави неколку десетина карикатури на ајатолахот Хамнеи. Објавените карикатури беа избрани на конкурс во декември, за време на протестите во Иран. „Шарли eбдо“ во декември објави дека „меѓународниот натпревар за карикатура“ на Хамнеи има за цел да ги поддржи „Иранците кои се борат за својата слобода“.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека сè уште не е официјално информирано за затворањето на Институтот.

– Во Франција има слобода на медиумите, за разлика од она што се случува во Иран, изјави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона, додавајќи дека богохулењето не постои во францускиот закон. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk