Петмина мигранти се удавија во близина на брегот на Турција

Vecer | 11.03.2023

Петмина мигранти се удавија во близина на брегот на Турција
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

„Единаесет мигранти (десет возрасни и едно дете) се спасени, а телата на пет од нив се пронајдени“, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Трагедијата се случи рано утрово во близина на градот Дидим, во водите околу турската провинција Ајдин. На видеото објавено од турската крајбрежна стража, може да се видат мигранти како мавтаат со рацете на сив гумен чамец среде разбрануваното море. Грчката крајбрежна стража извести дека пет мигранти сепак успеале да стигнат до брегот на грчкиот остров Фармакониси, кој е на десет километри од турскиот брег.

Според сведоштвата собрани од грчката крајбрежна стража, на бродот во моментот на тргнувањето имало 31 лице. Човечките трагедии во Егејското Море се сѐ почести, а мигрантите и во зима се качуваат на импровизирани чамци, без оглед на бурното време и многу разбрануваното море.

Во истата област во февруари, една жена и четири деца загинаа откако потона нивниот чамец на надувување. Од 2014 година, 2.269 луѓе се удавиле во источниот Медитеран, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk