Инцидентот се случил минатата недела за време на летот за Јужна Америка, со застанување на аеродромот Шарл де Гол во Париз, објавува „Дејли меил“.
Тврдел дека е уметник
Според властите, кабинскиот персонал забележал патник од бизнис класа како гледа забранета содржина на лаптопот, по што била повикана полиција.
Тој бил уапсен и приведен во текот на викендот.
Во авионот, Јапонецот тврдел дека е уметник и дека спорните фотографии се генерирани од вештачка интелигенција.
Тој му рекол на судот дека не знаел дека таквата содржина е нелегална во Франција, изразувајќи срам и каење.
Впишан во официјалниот регистар
Покрај условната затворска казна, судот му изрече парична казна од 5.000 евра, како и забрана за работа со малолетници во траење од 10 години.
Исто така, му е забрането да се врати во Франција во следната деценија, а неговото име ќе биде додадено во националниот регистар на сексуални престапници.
Француските медиуми објавија дека случајот привлекол големо внимание поради фактот што се случил за време на меѓународен лет, во присуство на неколку членови на кабинскиот екипаж и патници.
Мажот бил ослободен по сослушувањето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата