ФОТО + ВИДЕО | Паника на романска плажа: МЕЃУ ЛЕЖАЛКИ ПРОНАЈДЕН ДРОН СО ЕКСПЛОЗИВ

Vecer | 26.08.2026

ФОТО + ВИДЕО | Паника на романска плажа: МЕЃУ ЛЕЖАЛКИ ПРОНАЈДЕН ДРОН СО ЕКСПЛОЗИВ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вознемирувачко откритие утрово ја вознемири плажата во романското црноморско одморалиште „Олимп“, каде било пронајдено парче од дрон меѓу лежалките. Според романските медиуми и извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење, а местото се наоѓа на околу 38 километри јужно од Констанца.

Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку луѓе поднеле пријава.

Остатоци од дрон синоќа биле најдени и на бранобранот на крајбрежното шеталиште во Констанца, во близина на легендарното „Казино“ во црноморскиот град.

Шести ден по ред остатоци од дронови ги држат под тревога населението и властите во Романија, потсетува „Антена“. Изминатите денови романските власти во неколку наврати испраќаа борбени авиони и хеликоптери за да ги следат нападите со дронови во близина на границата со Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk