Милиони документи доставени до новинари откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните оази.

Меѓу нив се поранешниот британски премиер Тони Блер, украинскиот претседател Зеленски и пејачката Шакира, пишува „Дојче веле“.

Новинарската истрага наречена „Пандорa документи“ открила дека десетици сегашни и поранешни државници и моќни милијардери се поврзани со компании кои користат даночни раеви. Меѓу големите риби чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата.

Банкарските сметки на офшор локации често се користат за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на вистинските средства.

Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми низ целиот свет – вклучително и редакцијата на ДВ на турски јазик – покажа дека 330 јавни службеници ширум светот се поврзани со офшор сметки.

Меѓу нив се министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.

Истражувањето на ИЦИЈ покажува дека моќните политичари, кои би можеле на крајот да сокријат пари и да избегнат данок со користење на даночни раеви – всушност и самите профитираат од таков систем.

 

makfax.com.mk