logo
logo
logo

Голем договор меѓу САД и Саудиска Арабија ,24,3 милијарди долари за 48 авиони

Vecer | 18.09.2026

Голем договор меѓу САД и Саудиска Арабија ,24,3 милијарди долари за 48 авиони

Саудиска Арабија побара купување на 48 авиони Ф-35 со конвенционално полетување и слетување, како и 49 мотори „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney) F135-PW-100, од ​​кои 48 би биле вградени во авионите, а еден би бил резервен, соопшти Стејт департментот.

Предложената продажба исто така опфаќа опрема за комуникација, навигација и електронско војување, опрема и поддршка за авионите и муницијата, резервни делови и потрошен материјал, опрема и уреди за обука (вклучувајќи симулатори), како и софтвер, техничка документација и разни услуги за логистичка, инженерска и техничка поддршка.

Според Стејт департментот, предложената продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД преку подобрување на безбедноста на главниот сојузник на Америка надвор од НАТО, кој важи за фактор на политичка стабилност и економски напредок во регионот на Заливот.

Како што е наведено, продажбата треба да ја подобри способноста на Саудиска Арабија да ги одвраќа тековните и идните закани, да ја зајакне одбраната на земјата и да ја подобри интероперабилноста со силите на САД, регионалните сили и силите на НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk