logo
logo
logo

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН РЕКОРД ВО ШПАНИЈА - Средоземното море „врие“ достигна неверојатни 33 степени целзиусови

Vecer | 07.08.2026

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН РЕКОРД ВО ШПАНИЈА - Средоземното море „врие“ достигна неверојатни 33 степени целзиусови

Рекордни 33 степени Целзиусови е измерена температурата на морето кај шпанскиот остров Мајорка, што претставува највисока вредност досега забележана во шпанските води. Податоците, според шпанската национална метеоролошка агенција AEMET, се регистрирани кај островот Са Драгонера од мерното место на шпанската пристанишна управа, а дополнително треба да бидат официјално потврдени.

Екстремно топлата вода во западниот Медитеран моментално е околу четири степени над долгорочниот просек, што според експертите може да има сериозни последици врз морските екосистеми и да придонесе за создавање услови за поинтензивни бури, дождови и поројни врнежи во есенскиот период.

Екстремно топлото Средоземно Море испарува огромни количини вода и ослободува многу топлинска енергија во слоевите на воздухот близу до површината.

Кога првиот ладен воздух од север поминува над овој топол, влажен воздух на есен, тој брзо се крева и може да предизвика силни бури.

За туристите и локалните жители, високата температура на морето значи дека нема освежување на брегот дури и ноќе, влажноста е висока, а пливањето во морето е далеку од освежувачко, наведува DPA.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk