Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу 06:00 часот по локално време.
Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Брзата помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот.
Четворица се во болница поради вдишување чад.
Пристигна и застрашувачка снимка која ја снимиле пожарникарите додека се пробиваа низ запалениот клуб.
Колку бил голем пожарот покажуваат и другите снимки.
Не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувнал додека во клубот имало многу луѓе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата