logo
logo
logo

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Vecer | 14.09.2026

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.

Агенцијата додаде дека бројот на жртви „може да се промени бидејќи службите за итни случаи и властите на Западен Кејп продолжуваат да го истражуваат местото на настанот“.

Минибусите-такси се главна форма на јавен превоз за милиони луѓе во Јужна Африка и често се вклучени во фатални сообраќајни несреќи. Најмалку 25 лица, меѓу кои 14 деца, загинаа во две одделни несреќи во јануари во кои учествуваа минибуси-такси.

Три жртви од несреќата во недела навечер беа итно префрлени во болница, но беа прогласени за мртви по пристигнувањето, соопшти полицијата.

Властите веруваат дека несреќата започнала кога две минибуси-такси се судриле челно, пред да бидат удрени од теренско возило, соопшти Секретаријатот за мобилност на покраината Западен Кејп.

Автопатот N1 беше затворен на местото на настанот додека Корпорацијата за управување со патниот сообраќај започна истрага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk