Инцидентот се случил на 25 јули на лет кој полетал од аеродромот Фиумичино.
Медицински проблем
Пилотите на Боинг 787-9 Дримлајнер пријавиле медицински проблем во контролата на летање, по што авионот безбедно слетал во главниот град на Ирска. Американ ерлајнс подоцна потврди дека има необичен мирис во кабината, но неговиот извор се уште не е утврден.
Според неофицијални информации, здравствени проблеми имале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Наводно, тие се пожалиле на вртоглавица и општа слабост, но нема информации дека некој од нив бил во состојба која би ги спречила да ги извршуваат работните задачи.
Летот е прекинат
Авионот бил во воздух околу четири часа на пат кон Филаделфија пред екипажот да донесе одлука да го смени правецот и да слета во Даблин. По пристигнувањето ги пречекале медицинските служби. Патувањето за патниците не било продолжено со истиот авион бидејќи авиокомпанијата немала на располагање екипаж за замена, а причината за здравствените проблеми се уште не е позната.
Патниците биле згрижени и пренасочени на други летови, додека леталото останало во Даблин на преглед. Американ ерлајнс потврди дека летот 719 од Рим до Филаделфија бил пренасочен поради пријавен мирис.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата