Откако индиското летало го постигна историскиот успех со безбедното слетување на Месечината, сега сите се прашуваат што тоа ќе прави таму и што ќе случува со „Чандрајан- 3“ во следните часови и денови.
Прво, вселенското летало ќе чека неколку часа за целосно да слегне лунарната прашина.Потоа, панелите на една од неговите страни ќе се отворат и ќе биде поставена рампа за лунарниот ропвер “Праџиан“ (Pragiaan), да може да се лизга по површината.
Роверот потоа ќе истражува околу карпите и кратерите на Месечината, собирајќи клучни податоци и фотографии за да ги испрати назад на Земјата за анализа.
Леталото и роверот носат пет научни инструменти кои ќе помогнат да се откријат „физичките карактеристики на површината на Месечината, атмосферата блиску до површината и тектонската активност за проучување на она што се случува под површината“.
Датумот на слетување, исто така, беше внимателно избран за да се совпадне со почетокот на лунарниот ден - што е еднакво на 28 дена на Земјата - бидејќи на вселенското летало и батериите на роверот ќе им треба сончева светлина за да се наполнат и функционираат, јавува Би-би-си.
Со ова Индија стана првата земја која успешно слетала вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата