logo
logo
logo

МИСТЕРИОЗЕН УПАД ВО БАЗА НА САД И НАТО ВО БРИТАНИЈА: Уапсени двајца Латвијци, пронајдена дупка во оградата

Vecer | 08.10.2026

МИСТЕРИОЗЕН УПАД ВО БАЗА НА САД И НАТО ВО БРИТАНИЈА: Уапсени двајца Латвијци, пронајдена дупка во оградата

Двајца државјани на Латвија се уапсени во близина на британската воздухопловна база RAF Molesworth, каде што се наоѓаат разузнавачки центри на САД и НАТО. Британската полиција соопшти дека двајцата биле приведени од безбедносни патроли на Министерството за одбрана.

Мажите, на возраст од 36 и 32 години, кои живеат во Обединетото Кралство, биле уапсени околу 2 часот по полноќ. Воената полиција и полицијата на Кембриџшир ги запреле откако на заштитната ограда на базата била пронајдена мала дупка.

Тие се осомничени за неовластен влез во заштитен простор и предизвикување материјална штета, како и за влез на забрането место со можна намера штетна за интересите на Обединетото Кралство. Истрагата ја презеде антитерористичката полиција.

Базата RAF Molesworth се наоѓа на околу 112 километри северно од Лондон и е под управа на американското воздухопловство. Во неа се наоѓаат американски и НАТО разузнавачки капацитети.

Ова е втор сличен случај во близина на американска воздухопловна база во Британија во краток период. Кон крајот на септември беа уапсени седум лица поради сомнение за подготовка на терористички напад врз базата RAF Fairford.

Сите осомничени во тој случај подоцна беа пуштени со кауција, а истрагата продолжува. Засега нема потврда дека случајот со двајцата Латвијци е поврзан со уапсените кај RAF Fairford.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk