logo
logo
logo

Маск: Време е Зеленски да си оди!

Vecer | 15.10.2026

Маск: Време е Зеленски да си оди!

Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето.

Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на првиот човек на Украина е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори.

– „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск.

Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва.

Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk