100.000 тони дизел месечно ќе бидат испорачани од ОАЕ, а истата количина ќе биде испорачана на францускиот пазар од Бахреин, објави „Ле Фигаро“.
„ТоталЕнерџис“ клучен логистички оператор
- Околу 95.000 тони веќе се пуштени од Саудиска Арабија, но само за месеците октомври и ноември. Вкупно, или 295.000 тони, претставува 10 проценти од потрошувачката на дизел во Франција - се вели во соопштението.
Испораката на овие количини ќе ја изврши групацијата „ТоталЕнерџис“, која ќе биде и оператор задолжен за купување дополнителни количини дизел пласирани на пазарот.
- Имаме дефицит на дизел, бидејќи сме голем увозник. Нема да ни недостасува дизел оваа зима - изјави за новинарите извршниот директор на „ТоталЕнерџис“, Патрик Појан, кој го придружува Макрон во посета на Заливот.
Макрон на турнеја на Блискиот Исток
Макрон ја започна турнејата низ земјите од Блискиот Исток во понеделник, а првата станица на неговото патување беше Кувајт, по што следеа посети на ОАЕ и Бахреин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата