Има конкретни разговори за акциски план за постигнување траен мир во кој ќе биде вклучена Украина, изјави Макрон по средбата во Белата куќа.
- Верувам дека денешниот ден беше пресвртница во нашите дискусии, рече тој.
- Ја споделуваме вашата желба за мир, му рече францускиот лидер на Трамп, но додаде: „Мирот не може да значи предавање на Украина“, пренесе ДПА.
Францускиот лидер рече дека се разговарало за безбедносните гаранции и од Европејците и од САД.
Макрон инсистираше на „траен мир“ и рече дека нема да има примирје без безбедносни гаранции.
Франција веќе разговараше со Британија за прашањето за испраќање мировни трупи како дел од безбедносните гаранции.
- Свесни сме и дека Европејците мора да направат повеќе за безбедноста во Европа, за одбраната во Европа и за поправедна распределба на безбедносниот товар, рече Макрон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата