ВИДЕО | КРВАВ УДАР ВО ХАРКОВСКО: Руски ракети убија 10 луѓе, погодија пошта и продавници – Зеленски најави жесток одговор

Vecer | 18.08.2026

ВИДЕО | КРВАВ УДАР ВО ХАРКОВСКО: Руски ракети убија 10 луѓе, погодија пошта и продавници – Зеленски најави жесток одговор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Руски ракетен напад врз селото Печенехи во Харковската Област утрово однесе 10 животи, а 18 лица се повредени, соопшти гувернерот на Харковската регионална воена администрација, Олег Синехубов. Повредените се пренесени на лекување, додека спасувачките екипи работат на расчистување на последиците, откако во нападот биле погодени пошта и продавници. Синехубов дополнително го потврди зголемувањето на бројот на повредени од осум на 18, а за нападот се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој најави жесток одговор, објави „Киев пост“.

„Русите утрово брутално погодија прометна раскрсница во Печенехи, во Харковската Област, каде што се наоѓаат пошта и продавници, опкружени со станбени објекти“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до семејствата и блиските на загинатите.

Според него, спасувачите веќе го изгаснале пожарот, но итните и другите служби продолжиле да работат на местото. Во тек е истрага за околностите на нападот.

Russians killed 10 people in Pechenihy, Kharkiv region. 8 more people were injured.

Private homes and civilian infrastructure were damaged as a result of the missile strike. pic.twitter.com/T0GJtILQ8O

— PPN - PulsePoint News (@wogoa1) August 18, 2026

„Дефинитивно ќе одговориме на овој руски напад. Подеднакво важно е и партнерите да ги надополнат нашите оправдани одговори со свои чекори за зголемување на притисокот врз Русија и поддршка за Украина“, додаде Зеленски.

Синехубов прецизираше дека во нападот биле запалени кафуле и седум автомобили, на површина од околу 400 квадратни метри. Оштетени биле и 10 приватни куќи, објектот на поштата, пет продавници и 15 автомобили.

„Медицинските екипи им ја пружаат потребната помош на повредените. Се расчистуваат урнатините од оштетените објекти, а службите за итни случаи го пребаруваат околното подрачје во случај на потреба од помош за други луѓе“, се додава во соопштението.

Руски дронови рано утринава го нападнаа и Киевскиот регион, при што биле оштетена деловен објект, магацини и приватна куќа во областа Бровари. Засега не се пријавени жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk