Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, „со оглед на ставот на Киев, замрзнувањето како такво е невозможно“.
„Постои главен услов за нас, ние мора да ги постигнеме нашите цели“, рече Песков, одговарајќи на предлогот на Токаев даден за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Омск.
На прашањето како Путин реагирал на зборовите на казахстанскиот претседател, Песков одговори дека тој детално му го опишал текот на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.
„Секако дека реагираше. Детално му кажа сè за специјалната воена операција“, изјави Песков за Интерфакс.
Токаев му го предложи „Истанбул 2.0“ на Путин
Токаев го презентираше предлогот во саботата, додека учествуваше со Путин на 22-от Форум за меѓурегионална соработка меѓу Русија и Казахстан во сибирскиот град Омск.
„Ако можам да го изразам моето скромно мислење, бидејќи ме прашаа, можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се вратиме на Истанбулската формула 2.0“, рече Токаев, што, како што може да се види на снимката, доста го шокираше Путин.
Претседателот на Казахстан рече дека со безбедносни гаранции од големите сили, вклучително и Русија, би било можно да се оди кон мир.
„Ова мора да се запре“, рече Токаев, додавајќи дека млади Руси и Украинци умираат во војната и дека конфликтот им користи на противниците на двете земји. Тој исто така нагласи дека не сака да биде посредник меѓу Москва и Киев.
🇰🇿🇷🇺 Kazakh President Tokayev spoke directly to Putin about the war in Ukraine.
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) July 25, 2026
He said young Russians and Ukrainians are dying, calling it damage to the “gene pool of the brotherly peoples,” and that the fighting must stop because it only helps their common enemies.
At the…
Русија и Украина одржаа разговори во Истанбул кратко време по почетокот на руската инвазија во 2022 година, а разговорите беа повторно одржани во 2025 година, но без договор за прекин на војната.
Песков тврди дека борбите би можеле да престанат веднаш
Песков тврди дека борбите би можеле да престанат „до крајот на денот“ ако Киев ги прифати руските услови. Тој додаде дека овие услови беа изнесени пред две години во говорот на Путин во руското Министерство за надворешни работи.
Русија бара украинските сили целосно да се повлечат од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за дел од Русија, и Украина јавно да се откаже од својата намера да се приклучи на НАТО. Киев ги отфрла овие барања и смета дека анексијата на украинските територии од страна на Русија е нелегална.
Песков подоцна изјави дека ставот на Токаев за Украина е конзистентен, но дека тоа не значи дека Москва се согласува со него. Тој го нарече Казахстан еден од најблиските партнери и сојузници на Русија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата