Зависноста на земјите од Западен Балкан од руските горива и гасот, но и корупцијата се главни пречки за евроинтеграцијата на земјите од регионот, се наведува во Законот за овластување за национална одбрана на САД подржан од Американскиот Конгрес, кој треба да го потпише претседателот Трамп.
Во делот од обемниот документ посветен на Западен балкан се наведува и дека САД нема да поддржува политики што поттикнуваат територијални размени, поделба или други форми на прецртување на границите по етнички линии во Западен Балкан, како и дека ќе се спротивстават на злонамерните политики на Кина и Русија во регионот. Вашингтон вооедно ја потврдува поддршката за евроатлантската интеграција, демократскиот развој и економската стабилност на земјите од регионот.
-Растот на влијанието на Кина во Западен Балкан може да има штетно влијание и врз стратешката конкуренција, демократијата и економската интеграција со Европа. САД и земјите од регионот делат заеднички интерес за промовирање на стабилен и одржлив економски раст и развој. Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува плуралистичките демократии на Западен Балкан за да спречи враќање на етничките тензии што историски го обележуваа регионот“, се наведува во докуметот.
Документот предвидува и можност за санкции против поединци или политики што го загрозуваат мирот, безбедноста или територијалниот интегритет на која било земја во регионот, а акцент е ставен и на корупцијата – која, како што е наведено, продолжува да биде една од најсериозните пречки за економскиот и политичкиот развој на регионот.
-Претседателот на САД може да воведе санкции најдоцна 90 дена по стапувањето во сила на овој закон против секое странско лице за кое ќе се утврди дека „се вклучило или се обидело да се вклучи во корупција поврзана со Западен Балкан“. Ова вклучува „корупција извршена од или во име на влада на Западен Балкан, како и од сегашен или поранешен јавен службеник во регионот.
Длабока загриженоство во документот се изразува за состојбата на демократијата во Србија по последните изборни процеси, како и за потребата од напредок во спроведувањето на договор меѓу Белград и Приштина. Законот ја нагласува и важноста од продолжување на мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата