Кина вели дека претстојната средба Си – Трамп – Путин е „историска“

Vecer | 16.11.2026

Кина вели дека претстојната средба Си – Трамп – Путин е „историска“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекин Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се состанат в четврток на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во јужниот кинески град Шенжен.

Кина годинава го има ротирачкото претседателство со АПЕК и е домаќин на самитот. Мао истакна дека ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу лидерите на трите земји.

Зајакнувањето на комуникацијата, надминувањето на разликите и стабилизирањето на односите им служат на интересите на сите три држави и ги исполнуваат очекувањата на меѓународната заедница, рече таа, без да даде дополнителни детали за агендата.

Вашингтон и Москва исто така ја потврдија средбата, при што САД соопштија дека напорите за неширење на нуклеарното оружје ќе бидат на дневниот ред. Други можни теми вклучуваат тензиите на Блискиот Исток, трговските политики и војната во Украина.

Висок претставник на администрацијата на Трамп, говорејќи неодамна под услов на анонимност, ги намали очекувањата од разговорите, вклучувајќи ја и дискусијата што ја бара Вашингтон за евентуално намалување на глобалните нуклеарни арсенали, опишувајќи ја наместо тоа како почетна точка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk