Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека поранешните колонијални сили сè уште се обидуваат да ја одржат контролата врз економиите на азиските, африканските и латиноамериканските земји и се мешаат во нивните внатрешни работи и надворешна политика.
Во поздравната порака до учесниците на Форумот на поддржувачи на борбата против модерните форми на неоколонијализам „За слобода на народите!“, Путин рече дека Русија категорично ги отфрла сите форми на неоколонијализам, вклучително и притисокот со сила и санкциите, и ги поддржува аспирациите на земјите да го зајакнат својот суверенитет и независност, објави Спутник.
Тој нагласи дека меѓународната соработка треба да се базира на универзално признати правни норми, почитување на легитимните интереси на сите страни и взаемна корист.
Путин оцени дека сè поголем број земји ја поддржуваат изградбата на праведен и демократски меѓународен систем базиран на мултиполарност и еднаквост, но дека неоколонијалните амбиции на одредени западни држави продолжуваат да претставуваат пречка за таа цел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата