logo
logo
logo

Кина: Откривме значајни нови наоѓалишта на ретки минерали

Vecer | 25.03.2026

Кина: Откривме значајни нови наоѓалишта на ретки минерали

Значајни нови наоѓалишта на ретки земни минерали се потврдени во рударската област Маониупинг во округот Мијанинг, објави подружница на China Rare Earth Group.

Масата на новооткриените минерали се проценува на 9,666 милиони тони, при што количината е изразена во форма на оксиди, што е стандарден начин за мерење на ваквите минерали во рударската индустрија. Експертите истакнуваат дека откритието претставува важен придонес кон стратешките резерви на ретки минерали на Кина, но е и пример за успешно истражување на длабоки и маргинални наоѓалишта во геолошки сложени области.

Ретките минерали се „витамини на индустријата“

Покрај ретките земни минерали, на истата локација се потврдени големи наоѓалишта на флуорит и барит, проценети на 27,135 милиони и 37,228 милиони тони, што ги става во категоријата на исклучително големи наоѓалишта.

Ретките минерали се „витамини на индустријата“, а флуоритот и баритот се нејзини основни столбови, го цитираше директорот на Институтот за минерални ресурси при Кинеската академија за геолошки науки, Ванг Денгонг, агенцијата Синхуа.

Флуоритот е клучна суровина во голем број сектори, вклучувајќи ја воздухопловната, фармацевтската и електронската индустрија, машинското инженерство и нуклеарната енергија, забележа Синхуа. Баритот најчесто се користи во дупчењето за нафта и гас, но е важен и за хемиската индустрија, како и за хемикалиите, полнењето хартија и правењето дијагностички слики во медицината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk